За Ајурведата

Ајурведата е едно од најстарите медицински учења кое се појавило пред околу 5000 години во Индија. Ајурведата на уникатен начин ја опишува интеракцијата на менталните и физичките влијанија, како и влијанијата на животната средина врз здравјето на луѓето.

Соодветно на тоа, лековитата уметност на Ајурведата не е насочена само кон симптомите, туку ги бара и причините за заболувањето, со цел да ги врати луѓето во рамнотежа и да ги разбуди силите на телото за самолекување и отпорност.

Формулата на кремот Сорион се заснова на оригиналните природни начини на лекување на Ајурведата и е дел од секојдневната грижа за кожа под стрес, како и за дополнителна нега при псоријаза, невродермити, егземи, херпес и други промени на кожата.

Кремот ја регулира pH вредноста и ја освежува и подмладува кожата. Состојките од Ајурведата ја заздравуваат грубата, вцрвенета и воспалена кожа со долготраен ефект. Иако Ајурведата е признаена како медицинска дисциплина во Индија, при што ефикасноста на лековитите растенија и методите на лекување се научно докажани, нивниот влез во Европа се одвива бавно. Ние сакаме да го промениме тоа!

Состојки од Ајурведата:

Куркума (Curcuma Longa) 

Куркумата е еден од најсилните природни антиоксиданти кој се користи во индиската традиционална медицина повеќе од 4000 години и е позната под името „еликсир за кожата“. Дејствува против воспаленија на кожата, има хидрирачки ефект, со што ја подобрува еластичноста на кожата и ги обновува клетките.

Сладок Индрајао (Wrightia Tinctoria)

Лисјата, кората и семето на ова растение се користат во Индија за олеснување и нега при многу кожни проблеми затоа што има антиинфламаторно и антибактериско дејство. Поради неговото потхранувачко и смирувачко влијание се користи при воспаление, чешање, лупење и црвенило на кожата.

Ним (Azadirachta Indica)

Растението Ним е богато со многу важните масни киселини, танини и витамин Е, а нивната комбинација е благодет за сува, воспалена и проблематична кожа. Маслото од ова растение има дезинфекциско и заштитно влијание, кое ги отстранува патогените и ја штити кожата од загадената околина.

Рубија Кордифолија (Rubia Cordifolia)

Ова растение е особено ценето поради тоа што ја чисти, дезинфицира и ја регулира Ph-вредноста на кожата. Светло црвениот прав од исушените корени на ова зимзелено растение се користи во Ајурведата особено за егзема, чешање, воспаленија и изгореници.

.

 

Кокосово масло (Cocos Nucifera)

Кокосовото масло има широко лековито дејство кога станува збор за кожата и косата. Тоа е особено богато со аминокиселини и витамини, кои интензивно ја потхрануваат и регенерираат кожата, а масните киселини делуваат како штит против вируси, инфекции и бактерии.

.

Шеа Путер (Butyrospermum Parkii)

Шеа путерот е една од најупотребуваните состојки во производите за нега на кожата. Содржи висока концентрација на витамин Е, провитамин А, цинк, алантоин и омега 3 масни киселини кои ја регенерираат кожата. Шеа путерот дејствува и како природна заштита од сонце, а помага и при заздравување на рани и лузни.